Еден од легендарните играчи на Ливерпул, Џон Барнс е во Македонија. Тој е гостин на македонскиот фан клуб на Ливерпул и заедно со уште околу 400 навивачи е подготвен да го следи денешното големо дерби против Манчестер сити во ФА Купот. Барнс вели дека изненаден од гостопримливоста во Македонија, а очекувал дека ќе има многу навивачи тука, затоа што Ливерпул е еден од најголемите клубови во светот и секаде има свои фанови.
„Сум бил во Кина, Индија, Малезија и секаде имаме навивачи. Дури и во Уганда, Руанда или било каде, Ливерпул е насекаде. Затоа и не сум изненаден што толку многу навивачи имаме и тука во Македонија. Со авион од Ливерпул до тука се стигнува за само 2-3 часа, а сум бил на места кои се многу подалеку како Австралија, а и таму има многу фанови на Ливерпул. Ливерпул е шампионски клуб тоа е повеќе од клуб“, вели Барнс, кој подели многу автограми, а навивачите направија фотографии за спомен со легендата.

Легендата на Ливерпул се сеќава од времето кога беше играч и кога во дресот на Англија играше против Југославија во Белград.
„Овој дел од Европа, односно Балканот го познавам уште од времето кога беше поранешната држава Југославија. Тогаш победивме со 4:1 и дадов гол. Сега прв пат сум во Македонија, но се сеќавам дека го имате Дарко Панчев. Оваа држава е Македонија, не Северна, само Македонија. Многу е убаво во Битола, ова е моето омилено место во Македонија“, додава Барнс.
Освен многуте навивачи на Ливерпул од Македонија, во Битола има фанови на англискиот гигант и од регионот. Многу фанови од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина… Сите заедно ќе уживаат во дербито против Манчестер Сити во рамките од ФА Купот.
Sport Life како општествено одговорна компанија и компанија која го подржува спортот во Македонија, е дел од овој голем настан.


