Баерн има лек за „фармацевтите“ од Леверкузен

Топ-5 првенствата полека влегуваат во завршната фаза, се бие битка за титули, но и за опстанок, а сабота е ден за главните дуели во европските првенства.

Вообичаено во дневната понуда на Спорт Манија ви нудиме анализа на пет натпревари со предлог типови.

 

Баер Леверкузен – Баерн (15.30 часот)

Баер Леверкузен нема рецепт за победа против шампионот веќе четврта година по ред. Последен пат симпатизерите на Баер се радуваа на победа на „Бај арена“ во 2015 година и оттогаш Баерн има серија од 8 меча без пораз против денешниот ривал.

Баварците имаат четири триумфи по ред против Баер и се фаворити и за петка, што можат да ја остварат денеска. Борусија Дортмунд им бега за шест бода во битката за титулата и Баерн никако не смее да си дозволи пораз, па ниту реми.

Предлог тип: 2&ГГ (2.75) Квота на денот

 

Хофенхајм – Фортуна Диселдорф (15.30 часот)

Со серија од четири победи Фортуна побегна од опасната зона за испаѓање, но потоа следуваше нокаут на домашен терен од Лајпциг. Сепак во Диселдорф полесно се дише, а тимот што личеше за главен кандидат за испаѓање, сега има 7 бода предност пред загрозениот Штутгарт и 10 повеќе од потонатите Хановер и Нирнберг.

Против Хофенхајм нема што да загубат, тактиката на Функел се знае, со контранапади гостинот ќе се обиде да го изненади Хофенхајм. Домашната екипа игра екстра ефикасно, бие битка за пробив до позициите кои водат во еврокуповите, па нема да калкулира.

Предлог тип: 4+ (1.85)

 

Наполи – Сампдорија (18 часот)

Ќе биде интересно на „Сан Паоло“, каде ќе гостува одличната Сампдорија. Фабио Квалјарела ќе се обиде да постигне барем уште еден гол во серија и да го престигне Габриел Батистута со рекордни 12 меча по ред на кои постигнувал гол. Засега двајцата имаат по 11 дуели во низа со барем една топка во противничката мрежа, што е рекорд во долгата историја на Серија А.

Наполи не се откажува од титулата, Сампдорија се надева на место што преку Серија А води во Лигата на шампионите, па би требало да биде ефикасна вечер во Неапол. Сампдорија го декласира денешниот противник со 3:0 во првиот дел од шампионатот, последните десеттина дуели на двете екипи изобилуваа со голови, а такви се очекувањата и за денешниот дуел меѓу Наполи и Сампдорија.

Предлог тип: ГГ&4+ (3.00) 

 

Барселона – Валенсија (18.30 часот)

Седум меча без пораз од Валенсија е серијата на Барселона, а Каталонците се големи фаворити за победа и вечерва на „Камп Ноу“.

Валенсија покажа знаци на подобрување на формата. Го победи Вилјареал во првенството, го елиминира Хетафе за полуфинале во купот и доаѓа на „Камп Ноу“ по изненадување.

Барселона е вистинска машинерија за голови, ја декласира Севилја со 6:1 во реванш мечот од купот, а има неверојатно добра серија од 8 победи во Ла Лига. Валенсија не игра лошо во дуелите со Барса, но нема резултатски ефект во последно време, па би било чудо да успее да го изненади разиграниот лидер во шпанското првенство.

Предлог тип: T1 1+I & Т1 3+ (2.25) Квота на денот

 

Јувентус – Парма (20.30 часот)

Јувентус конечно доживеа пораз во Италија, а што е уште полошо за шампионот, со елиминацијата од купот дојдоа и проблемите со повреди. Одбраната речиси комплетно е надвор од строј, па против Парма нема да играат Кјелини, Бонучи и Барѕаљи.

Ругани и особено Де Шиљо, кој принудно играше на позицијата стопер против Аталанта, не се снајдоа добро, па имаше лош ефект и тежок пораз за шампионот во Бергамо.

Максимилијано Алегри мора повторно да ја крпи одбраната со принудни решенија. Парма игра одлично на гости, дури има и повеќе бодови, отколку како домаќин и знае да игра на контри. Тие се единствениот тим досега што нема реми на гостински терен, а денеска и бод во Торино би бил голем успех за нив.

Сепак, Јувентус е апсолутен фаворит, има многу подобар тим од Парма, а чаре за сигурна победа ќе биде брз гол во мрежата на Луиџи Сепе.

Предлог тип: 1&0-29 (1.95) Квота на денот

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести