3009 Наполи – Рома (19.00 часот)
Ова е едно од дербијата на југот на Италија и меч кој е важен за двата тима. Наполи е кандидат за титулата, а Рома е во одлична форма и уште има шанса да се пробие во Лигата на шампионите. Наполи важи за опасен домаќин, но Елмас и другарите загубија два од последните три меча на свој терен. Рома од март 2018 не победила во Неапол, а на последните три меѓусебни дуели нема дадено гол против Наполитанците. Есеноска во Рим беше 0-0.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)
2837 Галатасарај – Јени Малатијаспор (19.30 часот)
Големиот Галата е дури 14-ти на табелата, но не е во опасност од испаѓање. Малатијаспор е последен на табелата и најверојатно ќе остане таму затоа што има седум бода помалку од претпоследниот. Малатијаспор има четири порази по ред во турската лига, сите беа во мечеви без постигнат гол за тимот од Малатија, па би било чудо ако вечерва не го претрпе и петтиот во низа. Галатасарај загуби во минатото коло од Фенербахче и победата над Малатијаспор би била мало ублажување на раните.
Предлог тип: 1 & 2-4 (1.92)
3021 Монца – Бреша (20.30 часот)
Двата тима се борат за влез во Серија А. Монца е втора, а Бреша четврта на табелата. Монца со победа би го одржала чекорот со лидерот Лече, а можеби и ќе го надмине ако Лече загуби. Бреша е тим кој има само пет порази сезонава во 34 средби, но има дури 13 нерешени мечеви. На последните шест лигашки мечеви на Монца, барем едниот тим не даваше гол, Бреша има четири меча по ред со 0-2 гола. Кога меѓу себе играат овие тимови, домашниот терен не е предност. Монца дома никогаш не ја победила Бреша.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.68)
3010 Аталанта – Верона (21.00 часот)
Аталанта е во криза, има два порази по ред и три порази во последните пет кола, па почна да заостанува во трката за местата кои водат во Европа, а во четвртокот испадна и од Лигата на Европа. Верона игра променливо, во последните три меча имаше и пораз, и реми и победа. Аталанта речиси еден месец нема победа. Верона три месеци нема победа на гостински терен, но тимот од Градот на Заљубените во минатата сезона славеше во Бергамо.
Предлог тип: 1Х & 3+ (2.01)
1310 Барселона – Кадис (21.00 часот)
Барселона ги шокира своите поддржувачи со испаѓањето од Лигата на Европа, но победа над Кадис може да им ги залечи раните бидејќи со триумф Барса ќе се зацврсти на второто место. Сега целиот фокус на Каталонците е кон Ла Лига и целта им е да ги добијат сите мечеви до крај и да чекаат три кикса на Кралскиот клуб, кој е фокусиран на Лигата на шампионите, но покажа дека ја сака и домашната титула. Кадис се бори за опстанок и тешко дека бодови за спас ќе бара на „Камп ноу“, иако во минатата сезона одигра 1-1 на гости кај Барса. Барселона 16 години не знае за победа над Кадис, есеноска беше 0-0.
Предлог тип: 3+ (1.57)