Барса бара од Ла Лига да биде пофлексибилна, им забранија трансфери во јануари

Претседателот на Барселна, Жоан Лапорта, во името на клубот побара раководството на Ла Лига да биде малку пофлексибилно со финансискиот ферплеј и да им дозволи да прават трансфери во јануари, односно во зимскиот преоден рок.

Барса има забрана од шпанската лига да купува играчи поради финансиски проблеми, иако тие ги надминуваат полека со продажба на акции, но и благодарение на магијата на клубот и на новите спонзори.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1592789570839408642?s=20&t=SzVAGiuco43NuM5PDQgluQ

Ако не се симне забраната од Ла Лига, Барселона ќе мора да продава играчи за да може и да се засили, односно ќе мора да најде баланс меѓу расходите и приходите.

 

- Оглас -

Најнови вести