Барса даде четири гола за полувреме, па застана да не ја потопи комплетно Жолтата подморница (Видео)

Барселона постигна четири гола во првото полувреме против Вилјареал и потоа подзастана за спас на Жолтата подморница од потежок пораз.

Ансу Фати одигра брилијантно и со два гола, во 15-тата и во 19-тата минута, најави сигурна победа на фаворитот.

https://twitter.com/Khalz10I/status/1310298410117926912?s=20

Меси го играше првиот меч по големите недоразбирања со Управата на клубот, а повторно покажа дека е најдобриот играч на сите времиња на гигантот од Каталонија.

https://www.youtube.com/watch?v=NKlIaRijG3Y

Постигна гол од пенал, а потоа го принуди Торес да си ја затресе својата мрежа во финишот на првиот дел. Гол во второто полувреме постигнаа и гостите, но беше поништен поради офсајд.

 

- Оглас -

Најнови вести