11.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Барса до крајот на неделава ќе го потврди новиот договор на Меси

Барселона до крајот на оваа работна недела треба да ја објави новата соработка со Лионел Меси. Повеќе шпански медиуми пренесоа дека Меси веќе потпишал петгодишен договор со Каталонците, кој може да го раскине по сезоната 2022/23 доколку одлучи да заигра во МЛС-лигата.

Меси се согласил на помала плата, па во првата сезона бонусот и годишната заработка ќе му изнесува 20 милиони евра, што ќе му овозможи на клубот да биде регуларен со финансиите според правилникот на Ла Лига.

Според информациите, Меси го потпишал договорот по завршувањето на Копа Америка, каде што триумфираше со својата Аргентина за прв национален трофеј во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести