Екипата на Барселона води со 2:0 против Елче по првото полувреме во првата денешна средба од шпанската Ла Лига.
Каталонците со головите на Роберт Левандовски (34′) и Мемфис Депај (41′) имаат сигурно водство на свој терен, а интересно е тоа што во двете ситуации, напаѓачите беа за милиметри во дозволена ситуација.
Каталонците дадоа и трет гол преку Педри, кој беше поништен поради офсајд. Погледнете за колку малку беа играчите на Барса во дозволена ситуација.