Барса е подобра од Баерн, барем во кошарка

Барселона го победи Баерн во Минхен со 80-72 во дуел од кошаркарската Евролига и сега Барса заедно со Зенит се на врвот со по две победи во две кола. Во минатата сезона, Баерн двапати ја изненади Барса, но сега Каталонците беа подобри.

Во другите денешни мечеви, Зенит на гости славеше против Жалгирис со 70-64, Црвена ѕвезда победи во Тел Авив против Макаби со 75-63, а дома се радуваше Панатинаикос против Фенербахче со 91-87.

- Оглас -

Најнови вести