По одигрувањето на првите натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите, според квотите во обложувалниците Sport Life, Барселона е главен фаворит за освојување на европската титула. Интересно е што веднаш зад Каталонците е Манчестер сити, тим кој загуби во првиот четвртфинален дуел.
Ако сега се обложите дека Барселона ќе биде европски првак, коефициентот е 3.50. За Сити е 4.00, за Ливерпул е 4.25, додека за Јувентус е 4.50. Значително помали шанси им се даваат на Тотенхем (12.00), Ајакс (20.00) и Манчестер јунајтед (30.00), а најмала е веројатноста Порто да ја освои ЛШ. Квотата за Португалците е 200.
На оваа игра, можете да се обложите до вторник (16 април) во 21 часот.
Што се однесува до реваншите од четвртфиналињата, според квотите, Манчестер сити дома против Тотенхем е најголем фаворит, квотата за единица е 1.30, додека двојката е 9.25. И за Барса и Јуве, „кецовите“ се релативно ниски, 1.47 односно 1.72. Најголема неизвесност би требало да има на дуелот Порто – Ливерпул. Тука благ фаворит е Ливерпул, двојката е со квота 2.05, но англискиот тим и реми или минимален пораз го носат во следната фаза и полуфинале против Барселона.