Барселона по 12-ти пат е шампион на Европа во ракомет, денеска Каталонците во драматичното финале во Келн го добија Алборг со 31-30.
Ова значи дека легендарниот дански ракометар Микел Хансен, блескавата кариера ќе ја заврши без титула во Лигата на шампионите. Иако играше три финалиња, Хансен ги загуби сите три, од кои едно од Вардар, а едно денеска кога му судеа Македонци.
Алборг имаше шанса да изедначи во последниот напад, но „заглавија“, па остана Хансен од слободен удар да се обиде да направи чудо, но топката заврши во пречката и Данецот остана без посакуваниот пехар.