Барса е спасена од своите „деца“ иако прими два гола во една минута од Елче (ФОТО)

И покрај тоа што победи, очигледно е дека Чави го очекува макотрпна работа во Барселона.

Каталонскиот тим пропушти два гола предност на домашен терен и тоа против Елче во меч којна крајот заврши 3:2 и тоа со гол во последните мигови.

Феран Јутгла донесе водство за домаќините во 16-та минута, а Гави погоди за 2:0 само три минути подоцна.

Со тоа, Гави стана четвртиот играч сезонава кој што е роден по 2000 година и дал еден гол во првиот тим.

И кога се мислеше дека победата е обезбедена, на сцена стапија гостинските играчи, поточно Тете Моренте и Пере Мила во 62-та и 63-та минута.

Сепак, спасител на Каталонцие е младиот Нико кој даде дол во 85-та минута. Сега Барса има 27 бода и е на седмото место во Ла Лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести