Барса го има женскиот Меси, шутира слободни удари како волшебникот од Аргентина (Видео)

Женската екипа на Барселона е непобедлива, урива рекорди, а и денеска е пред освојување на нов пехар, откако води со 3:0 во финалето на шпанскиот Суперкуп против Атлетико Мадрид.

Норвешкиот тандем, Ингрид Енген и Каролин Хансен блеска на теренот во Мадрид, каде се игра финалето и тие две девојки беа стрелци на сите три гола.

Енген најави триумф на Барса со погодок во 16. минута, а потоа следеше спектакуларен гол од слободен удар на Хансен.

Каролин погоди велемајсторски во стилот на Лионел Меси, па Швеѓанката Хедвиг Линдал, која брани за Атлетико беше немоќна да спречи предност на Барса од 2:0.

Голот од слободен удар на Хансен можете да го погледнете ОВДЕ.

Доминацијата на најсилната женска екипа во Шпанија со уште еден гол ја круниса Хансен, па Барселона е на прагот да го освои пехарот во Суперкупот на Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести