6.8 C
Skopje
вторник, 3 февруари 2026

Барса го кандидира „Камп ноу“ за финалето на ЛШ во 2029

Фудбалскиот клуб Барселона формално ја изрази својата подготвеност да учествува, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија, во почетниот процес на кандидатурата за организација на финалето на Лигата на шампионите во 2029 година, предлагајќи го градот Барселона како можно место за одржување на настанот и „Камп ноу“ како предложен стадион.

Секако, сето ова под услов стадионот да добие соодветна хомологација и одобрување од УЕФА и со поддршка на Кралската шпанска фудбалска федерација како домаќин и коорганизатор.

Овој процес е дел од фазата на прелиминарна анализа и евалуација. Клубот и вклучените институции ја доставија почетната документација потребна за да се продолжи со постапката и да се овозможи УЕФА да ја процени соодветноста на апликацијата согласно утврдените протоколи.

Формализацијата на конечната кандидатура и доставувањето на комплетното досие, со целата потребна документација за да се добие право на домаќинство на финалето, е закажана за почетокот на јуни годинава.

На „Камп ноу“ не се играло финале уште од 1999 година, па ако Каталонците ја добијат организацијата во 2029, тоа би било точно на 30-годишната од претходното играно финале на ЛШ на најголемиот стадион во Европа.

- Оглас -

Најнови вести