Феран Џутгла е вистинско фудбалско откровение во Европа и играч што е во Топ-10 според бројот на голови и асистенции во Лигата на шампионите и како што велат Шпанците, новата голема утка на Барселона.
Џутгла игра брилијантно за Клуб Бриж, а и вчера со гол и асистенција против Атлетико Мадрид беше клучниот човек за успехот на белгискиот гигант, кој е на врвот на табелата во Б групата во Лигата на шампионите со максимални 9 бода.
„Барселона го купи Роберт Левандовски, еден од најдобрите шпицови во модерниот фудбал, но и тоа не им ја покрива огромната грешка што го продадоа Џутгла. Момчето игра брилијантно и Барса направи голем кикс“, пишуваат шпанските медиуми.
Џутгла има 23 години и Бриж си доби џекпот само за 5 милиони евра, колку што ѝ плати на Барселона во јуни годинава.
Белгискиот гигант си доби топ-засилување, а Џутгла има неверојатен ефект и во белгиското првенство и даде 6 гола и има три асистенции во новата сезона во познатата Жупилер лига.
Шпанските медиуми дури одат и поконкретно со написите и велат дека Феран мора да биде на конечниот список на Шпанската фудбалска репрезентација за настапот на Мундијалот во Катар.
За тоа одлучува поранешниот фудбалер на Барселона, сега селектор на Црвената фурија, Луис Енрике, кој сè уште не му дал шанса на Џутгла да дебитира за Шпанија.