Барселона рутинирано го совлада тимот на Асвел со конечни 80:67 за 11-та победа во Евролигата. Избраниците на Светислав Пешиќ го одржаа победничкиот ритам и повторно имаат идентичен број триумфи колку и водечките Реал Мадрид и Анадолу Ефес (11).
Откако гостите отворија со тројка, кошаркарите на Барселона веднаш ја презедоа работата во свои раце, па веќе до паузата се изборија за двоцифрена предност, која лесно ја задржаа до самиот крај. Арбинес со 16 поени беше најефикасен за домашниот состав, додека од редовите на Асвел се истакна Лајти со исто така 16 поени.
Бојан Дубљевиќ со 25 поени го донесе шестиот триумф за Валенсија во Евролигата откако домаќините славеа со убедливи 105:77 во шпанското дерби против Басконија.