Барса го претстави новото засилување за кое даде 75 милиони евра

Френки де Јонг и официјално е нов играч на Барселона. Младиот фудбалер доаѓа од Ајакс, а Барселона за неговиот трансфер плати 75 милиони евра. Де Јонг ќе остане во Ајакс до крајот на сезоната, а потоа ќе се пресели на „Камп ноу“. Доколку блесне во дресот на шпанскиот првак, трансферот со бонусите кои ги има во договорот може да стигне и до вредност од 90 милиони евра.

Играчот за врска има 21 година, а се очекува неговата годишна плата да изнесува 16 милиони евра. За Де Јонг се интересираше и францускиот првак Пари Сен Жермен, но Барселона успеа да го убеди еден од најдобрите млади играчи да дојде на „Камп ноу“.

https://twitter.com/jmbartomeu/status/1088121996834164736

 

- Оглас -

Најнови вести