35.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Барса го притиска упорниот Де Јонг да прифати трансфер

Френки Де Јонг не сака без борба да го напушти „Камп ноу“, откако ѝ соопштил на управата на Барселона дека нема намера да направи трансфер ова лето.

Сепак, клубот почна да го притиска да прифати разделба од финансиски причини, што е земено како оправдување дека одлуката мора да се прифати. Според шпанските медиуми, и тренерот Чави му посочил на Холанѓанецот дека мора да биде продаден.

Барселона засега не успева да му ја намали платата бидејќи веќе му должи на Де Јонг околу 25 милиони евра од минатите сезони. Во меѓувреме Френки се олади за преселба на „Олд трафорд“, односно во Манчестер јунајтед бидејќи сака да игра во Лигата на шампионите.

Знаејќи дека Каталонците се заглавени во долгови и сепак продолжуваат со летниот шопинг, нова цел на клубот е да се обезбедат потписите на Левандовски и дефанзивецот Кунде од Севилја. Токму парите од продажбата на Де Јонг ќе се искористат за овие двајца фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести