Барселона планира летово да направи промени на голманската позиција. Можеби изненадувачки, клубот решил да го стави на продажба својот капитен Марк Андре Тер Штеген, а да го задржи Војчех Шченсни.
Тер Штеген има 422 настапи за Барселона, капитен е, но перформансите му се во пад, а имаше и операција на коленото поради која ја пропушти речиси целата сезона 2024/2025.
Од Барса веројатно ќе треба да си оди и Ињаки Пења кој му беше прва резерва на Тер Штеген пред Германецот да се повреди, а после откако Пења одреден период беше главен голман, му стана резерва на Полјакот кој се реактивираше и ја прекина пензијата за да брани за Каталонците.
Во Барса планираат да го купат Жоан Гарсија од Еспањол, по што Тер Штеген кој има договор дури до 2028 година ќе им биде вишок. Интерес за Гарсија има и од Реал Мадрид, но бараат трпение од него и би го купиле само ако си замине Андриј Лунин, а Украинецот уште не однел одлука дали ќе остане или ќе си оди од Реал.
Сепак во Реал би му бил резерва на Тибо Куртоа, додека во Барса веројатно би бил прв голман и затоа се смета дека Гарсија е поблиску до Барса.