Барса го расплака Интер, ама донесе вредна добивка од 280 илјади денари во Скопје

Барселона го расплака Интер и со комбиниран тим, а вербата дека шпанскиот гигант нема да калкулира со резултатот и ќе оди на победа и со комбиниран тим му се исплатеше на обложувач во Sport Life, кој има одличен и добитен тикет во вредност од 280 илјади денари.

Уплатата е 100 денари, а особено добри се коефициентите на комбинациите што добитникот ги одиграл на Ливерпул и на Барселона.

Типувано е дека Ливерпул ќе одигра нерешено на полувреме и дека ќе победи на крај, комбинирано со 0-2 гола, што е одличен резон бидејќи на мечот со Салцбург очекувањата беа дека ќе има голеада.

Тоа не се случи, европскиот шампион славеше со два гола во второто полувреме, а квотата за Х-2&0-2 гола е 18.

Уште подобро изгледа одиграната варијанта на Интер – Барселона со коефициент 21. Иако Интер беше фаворит, бидејќи Барселона играше со комбиниран тим и без императив да победи, храбро е одигран комбиниран тип на победа на шпанскиот гигант со нула на полувреме и 2-4 гола на цел меч.

Наполи навреме подзастана со голови за да биде погоден и типот на мечот со Генк, каде што е типувано на единица со 2-4 голови. Во 75-тата минута Мертенс од пенал ги постави конечните 4:0, таман за добивка во Скопје Север.

Борусија  и Славија Прага и Лион со Лајпциг само го гарнираа одлично одиграниот тикет со пет пара и добивка од 4.500 евра.

- Оглас -

Најнови вести