32.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Барса го сочува фудбалскиот бисер до 2023 година со клаузула од 100 милиони евра

Барселона ја активираше клаузулата за продолжување на договорот со Рики Пуџ до 2023 година, а отштетната клаузула за предвремено заминување од клубот на 21-годишниот играч изнесува 100 милиони евра.

Првиот договор што талентираниот фудбалер за врска го потпиша со клубот во 2018 година имаше и таква клаузула за автоматско продолжување на уште две години, што Барселона го искористи и го задржа големиот талент во своите редови.

Со доаѓањето на Роналд Куман на кормилото на Барселона, Пуџ има мала минутажа, па Холанѓанецот дури и предложи тој да биде позајмен во друг клуб, што сè уште останува како реална опција и покрај продолжувањето на договорот.

Сепак, 21-годишниот играч за врска е упорен, изјави дека ќе остане во својот клуб и ќе се бори за место во првата постава во конкуренција со Бускетс, Де Јонг и Пјаниќ.

 

- Оглас -

Најнови вести