Португалскиот бек Жоао Кансело до крајот на сезонава ќе игра како позајмен за Барселона.
Фудбалерот на саудиски Ал-Хилал имаше понуди и од други големи клубови, но ја сакаше само Барса во која играше во сезоната 2023/2024, тогаш како позајмен од Манчестер сити.
Тренерот Ханси Флик го сакаше искусниот Кансело затоа што тој може да игра на двете бековски позиции како алтернатива за Жил Кунде и Алехандро Балде. Резерви на стартните бекови им беа Ерик Гарсија и Џерард Мартин, но тие сега играат на други позиции за да ја пополнат празнината во одбраната.

