Пјер-Емерик Обамејанг од денеска и официјално е играч на Барселона откако клубот успеа да го регистрира.
Напаѓачот дојде како слободен агент од Арсенал, кој му го раскина договорот поради огромните примања од 300 илјади евра седмично и им се приклучи на Каталонците.
Јасно е дека Барса нема да му ја исплаќа истата плата како во Арсенал поради лошата финансиска состојба, но и слабата форма на напаѓачот.
Договорот е потпишан до 2025 година, а интересно е што шпанскиот тим, како и на сите други играчи така и на Обамејанг, стави откупна клаузула која за него изнесува 100 милиони евра.
Останува да се види кога ќе биде дебито на Обамејанг, кој беше советуван од страна на лекарите дека мора да одмора откако има срцеви проблеми по заразувањето со корона-вирусот.