Барселона убедливо се пласира во четвртфиналето на Копа дел реј совладувајќи го Бетис со 5-1 на „Камп ноу“. Каталонците ја започнаа вечерта на импресивен начин, со погодок на Гави во третата минута за рано водство од 1-0.
До крајот на првиот дел Жул Кунде зголеми на 2-0 со гол во 27-мата минута. Во второто полувреме Рафиња во 58-мата минута го зголеми резултатот на 3-0, а Феран Торес и Ламин Јамал донесоа убедливи 5-0.
Бетис успеа да го намали поразот на 5-1 преку Витор Роке, кој е на позајмица од Барселона, во 84-та минута.
Атлетико Мадрид го победи Елче на гости со 0-4. Сорлот беше двоен стрелец, а погодија и Рикелме и Алварес. Хетафе и Леганес исто така се пласираа во следната рунда.