Барселона и Челзи денеска од 12.30 часот во Токио треба да одиграат пријателски меч, но по тоа што се случуваше низ социјалните мрежи, сигурно ќе биде потензично отколку на кој било друг контролен меч од ваков тип во летниот период.
Од Челзи како најава за денешниот дуел на Твитер објавија клип со потсетување на нивното гостување на „Камп ноу“ во 2012 година, кога лондонските „сини“ во Лигата на шампионите одиграа 2-2 на гостувањето кај Барса и го елиминираа каталонскиот гигант, со што си го отворија патот до нивната прва и засега единствена европска титула.
Во Барса не им се допадна тоа, го сметаат за провокација. Бројни навивачи на шпанскиот првак веднаш вратија со клип од голот на Андрес Иниеста со кој Барселона го елиминираше Челзи во 2009 година.
На официјалниот профил на клубот напишаа: „Дали е ова потсетување на времето кога игравте во Лигата на шампионите?“ Минатата сезона Челзи не беше дел од ЛШ, па од Барса ги потсетија на тоа.
Погледнете го видеото кое не им се допадна на Каталонците:
https://twitter.com/i/status/1153313125871116290