Барса и Лајпциг му фрлија око на талентираниот Светец

Барселона и Лајпциг се интересираат за талентираниот дефанзивец на ПСЖ, Танги Куаси, кој оваа сезона изби во првиот тим на Томас Тухел. Седумнаесетгодишниот француски стопер запиша 13 настапи оваа сезона и во три наврати беше стрелец за Светците, покажувајќи дека е опасен при прекини.

Дополнително шпанскиот првак и Црвените бикови ги привлекува што на Куаси му истекува договорот налето, па ќе може да се ангажира без отштета. Во Лајпциг посебно се загреани за неговиот потпис бидејќи најверојатно во следниот преоден рок ќе останат без Дајо Упамекано, од чија продажба се очекува голем профит, па Куаси би заиграл на негово место, со оглед на тоа дека Лајпциг и тренерот Нагелсман им даваат шанса на млади фудбалери да се докажуваат.

Од таборот на ПСЖ засега нема реакција, односно понуда да го задржат Куаси, па ќе се види кој клуб ќе го одбере младиот француски репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести