Барса и Порто ќе победат, но вечерва има еден уште посигурен дуел за играње

Борусија Менхенгладбах – Волфсбург (18:30 ч.)

Дуел на две екипи кои треба да ја претставуваат Германија во европските купови во следната сезона. За Волфсбург треба да е загарантирано местото во Лигата на Европа, но домаќините на овој меч имаат мнгу поголеми мотиви. Борусија моментно е на петтото место и има само еден бод помалку од Баер Леверкузен, кој е четврти и е на позиција што носи излез во Лигата на шампионите.

Седум од последните осум меѓусебни дуели завршиле барем со по три гола, а на единствениот меч на кој не било 3+, биле постигнати два погодоци. Влогот за домаќините е многу поголем, па едноставно треба да ја продолжат добрата игра на свој терен, каде што сезонава имаат 10 победи во 15 дуели.

Предлог тип: 1&3+ (3.20)

 

Барселона – Леганес (22 ч.)

Меч кој треба да биде само рутински за лидерот во шпанското првенство. Леганес е на претпоследната позиција на табелата и грчевито се бори за опстанок, но реално нема што да бара на „Камп ноу“, осебно ако се знае дека пред неколку дена дома загуби од еден од ривалите за опстанок, Валјадолид.

Барселона на свој терен во 14 меча има 13 победи и едно реми, а има и просек од над три дадени гола на дуел. Едноставно, ова треба да биде средба на која може да има голеада.

Предлог тип: 5+ (3.65)

 

Авес – Порто (22:15 ч.)

Последнопласираниот Авес е домаќин на лидерот Порто. Само со 13 освоени бодови, Авес е закован на дното и без шанси да се спаси од испаѓање. За разлика од нив, Порто има шампионски мотиви да стигне до победа на гостувањето кај екипата која на свој терен претрпе 10 порази во 13 средби сезонава.

Дилема не треба да има, а тоа го покажува и традицијата, според која Порто победил на 10 од 11-те меѓусебни средби, а еден меч завршил нерешено.

Предлог тип: 2-2 (1.58)

 

Фенербахче – Трабзонспор (19:45 ч.)

Реванш-меч од полуфиналето на Купот на Турција. Трабзон има предност од 2:1 по првите 90 минути, што значи дека домаќините мора да бркаат триумф. Фенербахче реално сезонава игра послабо од Трабзон, а и традицијата е на страната на гостите.

На последните осум меѓусебни дуели, дури петпати било нерешено, а трипати се радувал Трабзон. Поминаа речиси четири години кога последен пат Фенербахче го победил овој ривал. Интересно е што на сите овие осум дуели, двете екипи давале барем по еден гол.

Предлог тип: ГГ3+ (1.81)

 

Хамбургер – Оснабрик (18:30 ч.)

Некогашниот европски првак Хамбургер има големи мотиви да стигне до трите бода затоа што е на прагот до место кое води во Бундеслигата. Моментно Хамбургер е на посакуваното второ место во Цвајте и во последните три кола треба да го издржи нападот од Штутгарт и Хајденхајм, кои се веднаш зад него.

Оснабрик уште нема обезбедено опстанок, реално треба да се спаси, но на гостување кај екипа која брка влез во елитното германско друштво не треба да има никакви шанси да се надева на бодови. Овој меч го предложуваме како најсигурен „кец“ од денешната понуда.

Предлог тип: 1 (1.46)

 

- Оглас -

Најнови вести