4.8 C
Skopje
петок, 31 октомври 2025

Барса и Реал во трка за сензацијата на Леванте

Карл Ета Ејонг е вистинска сензација во Ла Лига од почетокот на сезоната. Напаѓачот на Леванте, кој блеска со своите настапи, веќе го привлече вниманието на неколку европски гиганти, пренесува „Мундо Депортиво“. Според шпанскиот медиум, најголеми шанси да го доведе 22-годишниот камерунски репрезентативец има Барселона.

Во трката за неговиот потпис се наоѓаат и Реал Мадрид, Арсенал и Манчестер сити, што доволно говори за квалитетот и потенцијалот на младиот фудбалер.

Ејонг се пресели во Леванте летово од Виљареал за само 3 милиони евра, а во договорот му стои откупна клаузула од 30 милиони. Од почетокот на сезоната, тој постигна шест гола и запиша три асистенции во 10 натпревари во Ла Лига. Освен тоа, веќе го имаше и својот деби настап за репрезентацијата на Камерун.

- Оглас -

Најнови вести