Барса и со втор тим лесно мина во следната фаза од Кралскиот куп

Барселона ништо не остава на случајот, шпанскиот првак со убедливи 4-1 го совлада нисколигашот Леонесе и очекувано ќе патува во следната рунда од Кралскиот куп. Домаќините ја завршија работата веќе по првите 45 минути, во кои Мунир, Денис Суарес и Малком по еднаш ја тресеа мрежата за 3-0.

Суарес уште еднаш се запиша во листата на стрелците во 70-тата минута, а почесниот гол на гостите го постигна Сене 15 минути претходно.

Валјадолид со идентичен резултат како и по првиот меч со Мајорка (2-1), и вечерва славеше пред својата публика. Фудбалерите на Мајорка изненадија при стартот на вториот дел, Пратс им донесе предност од 1-0, но веќе во следниот напад домаќините израмнија.

Конечните 2-1 ги постави Верде во 88-мата минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести