Во финалето на Купот на Шпанија, Валенсија има предност од 2:0 по првите 45 минути во дуелот со Барселона. Каталонскиот тим беше голем фаворит пред почеток на мечот, но на теренот се случува нешто друго од очекуваното.
Валенсија даде два гола и е на чекор до трофејот. Гамеиро во 21 минута ги доведе „лилјаците“ во водство, а 12 минути подоцна погоди и Родриго за 2:0. Статистиката по првите 45 минути покажува неверојатни 77 отсто посед на топката во низете на играчите на Барселона, но Валенсија од три шута даде два гола и тоа е многу поважно.