Барселона е заинтересирана за ангажман на Роберт Левандовски, а има и добар план кој може да биде прифатлив и за Баерн Минхен.
Каталонците немаат доволно пари да платат 65 милиони евра колку што е оштетата во договорот што го има Левандовски со Баерн, а е важечки до идното лето.
Затоа Барселона му го нуди младиот Сержињо Дест и плус пари за да го добие Кралот на стрелците во Европа.
Левандовски одбива да го продолжи договорот со Баерн, а за него идеална дестинација би била Шпанија и Барселона.
Полјакот има 33 години и игра во врвна форма долг период за Баерн и за својата репрезентација.
Има постигнато дури 339 голови во 367 настапи за германскиот првак, беше и прв стрелец на светот, лани го урна и рекордот на клупската легенда на Баерн, Герд Милер, а и во оваа стрела рафално и веќе постигна 31 погодок.