Барса има велемајстори во тимот но и еден голем проблем кој никако не може да се реши

Барселона летово беше прилично активна на трансфер пазарот со што се вклучи во борбата за трофеите во Европа.

Но, и покрај тоа што во каталонскиот гигант има голем број на фудбалски мајстори, тимот се соочува со еден неверојатен проблем.

Веќе 503 дена не можат да постигнат гол од слободен удар, а последен на којшто му успеало такво нешто е Лионел Меси кој повеќе од една година не е дел од овој тим.

Аргентинецот даде гол за Барса од слободен удар на 2 мај минатата година против Валенсија, а иако многумина се обидоа, нико досега не успеа да ги израдува навивачите од ваков прекин на играта.

- Оглас -

Најнови вести