16.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Барса имаше супер шанса, а 20 секунди подоцна Реал поведе, стрелецот неизвесен (Видео)

Реал Мадрид води со 1-0 по првото полувреме на гостувањето кај Барселона во реванш-дуелот од Купот на Шпанија и ако остане вака до крајот на регуларните 90 минути, ќе има продолженија.

Остана отворено прашањето дали стрелец е Винисиус или Карим Бензема, а интересно е дека на овој погодок само 20 секунди претходно му претходеше убава шанса на Роберт Левандовски и одлична одбрана на Тибо Куртоа, кој спречи водство на Барса.

Со Карло Анчелоти како тренер на Реал, на Ел Класико никогаш не било нерешено, а овојпат во Барселона би биле пресреќни ако нема победник бидејќи тие го добија првиот меч во Мадрид со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести