Барселона итро се снаоѓа за пари и продаде 24.5 проценти од телевизиските и радио прават преку фирмата Барса Студиос на фирмата „Socios.com“ за 100 милиони евра.
Барселона препушти дел од акциите на новата фирма која ќе го развива и забрза растот на аудиовизуелниот дел.
Раководството на клубот имаше довола од Собранието и од акционерите во клубот да продадат 49 посто од акциите, а продадоа половина од тоа за 100 милиони евра.
Претходно Каталонците продадоа 25 посто од ТВ правата на „Sixth Street Foundation“ и тоа прво 10 посто аудиовизуелни права за 207.5 милиони евра на рок од 25 години и потоа уште 15 посто ТВ права за сума што не е точно објавена, но се претпоставува дека се движи од 330-400 милиони евра.
Со трите потези до ниво 3 Барселона дојде до потребните пари за трансфери од сопствени приходи за да не го прекрши финансискиот плејоф на ФИФА и УЕФА и успеа да ангажира одлични засилувања во летниот преоден рок и да ги регистрира истите.
Роберт Левандовски, Рафиња, Жил Кунде, Френк Кеси и Андреас Кристенсен се веќе нови членови на Барселона, а се очекува и бомба за крај на преодниот рок и ангажман на Бернардо Силва од Манчестер сити.