Барса извиси, Нико Вилијамс останува во Билбао до 2035 година, одлучило срцето! (Видео)

Нико Вилијамс официјално го продолжи договорот со Атлетик Билбао до 2035 година, а откупната клаузула сега му е а 50 проценти поголема од старата.

Левото крило на шпанската репрезентација имаше желба да се пресели во Барселона, Каталонците многу го посакуваа во своите редови, интерес за него имаше и од Баерн Минхен, но Нико им ја тресна вратата и одлучи да остане дома. Ова е второ лето по ред во кое помладиот од браќата Вилијамс ја откачи Барса која има проблеми околу регистрацијата на играчи и таа неизвесност го оддалечи Нико од трансфер, па сега кажува колку многу го сака Атлетик.

„Кога треба да се донесат одлуки, за мене најважна работа е да го слушам срцето. Јас сум таму каде што сакам да бидам, со моето семејство. Ова е мојот дом. Напред Атлетик!“, изјави Нико Вилијамс, облечен во дрес на Атлетик со логото на Лигата на шампионите.

Гордоста на Баскија објави видео по повод продолжувањето на договорот. Нико е снимен кај муралот кој му го уништуваа и со спреј напиша „ВИН“, што на англиски значи победа, а тоа се и иницијалите на Вилијамс, Ињаки, Нико.

- Оглас -

Најнови вести