Барса ја декласира Севиља и зеде залет кон Мадрид (Видео)

Барселона убедливо ја совлада Севиља со 5-1 и повторно има три бода предност на врвот на табелата во однос на најголемиот ривал Реал Мадрид. Ова особено е значајно пред следниот викенд, кога каталонскиот гигант гостува на„Сантијаго Бернабеу“ во толку очекуваното Ел Класико.

Роберт Левандовски од пенал ја отвори серијата голови во 24-та минута, а само четири минути подоцна Педри зголеми на 2-0. Третиот гол исто така беше дело на Левандовски во 39-та минута.

Пабло Торе во второто полувреме беше двоен стрелец за Барселона, а единствениот гол за гостите го постигна Станис Идумбо во 87-та минута.

- Оглас -

Најнови вести