Душан Влаховиќ е цел на Барселона. Шпански новинар откри дека Барселона повторно воспоставила контакти со агентите на Влаховиќ и има намера да го доведе како замена за Роберт Левандовски.
Полјакот е во последната година од договорот и сè уште нема индикации дека ќе добие понуда за продолжување на соработката, па затоа разделбата делува неизбежна.
Барселона нема многу опции, а бидејќи нема ни многу пари, Влаховиќ, кој би дошол како слободен агент им е интересна опција.
Србинот исто така е во последната година од договорот со Јувентус, а тој е дури 12 години помлад од Левандовски.
Главната пречка би можела да биде платата на играчот, една од највисоките во Серија А. Барселона не е подготвена да ги исполни условите што ги има Влаховиќ сега во Јувентус. Влаховиќ беше опериран на почетокот на декември.

