Барселона е на прагот на полуфиналето во Лигата на шампионите откако ја декласира Борусија Дортмунд на „Монжуик“ со 4-0. Каталонскиот тим одигра одличен меч и може полека да размислува за следната рунда, иако следува и реванш во Германија.
Рафиња во 25-тата минута обезбеди водство за Барселона, а во вториот дел серијата со два гола ја продолжи Роберт Левандовски. Полјакот погоди во 48-мата и во 66-та минута. Четвртиот гол беше дело на Ламин Јамал во 77-мата минута, на асистенција на Рафиња.
Пари Сен Жермен исто така обезбеди убава предност од 3-1 против Астон вила пред реваншот во Англија. Гостите поведоа со голот на Морган Рџерс во 35-тата минута, но само четири минути подоцна израмни Дезире Дуе.
Во вториот дел, Хвича Кварацхелија со фантастична соло акција повторно обезбеди предност за ПСЖ, а третиот гол го постигна Нуно Мендеш во 92-рата минута од дуелот.