Мајорка и Барселона одиграа интересен и ефикасен меч во којшто немаше победник, конечниот резултат беше 2-2.
Младиот Фермин Лопес го даде својот прв гол за Барса на официјален натпревар и тој е десетти различен фудбалер на каталонскиот тим кој постигнал гол сезонава.
Барса во првите седум кола сезонава прими 8 гола, а таа бројка во минатата сезона ја имаа во 25-тото коло. Овојпат тимот на Чави многу полесно прима голови, но и нападот е поубиствен.
Мајорка 14 години нема победа над Барса, во последните 15 меѓусебни дуели Каталонците имаат 13 победи, а двапати било реми. Иако домашните водеа двапати, вечерва и двата гола ги дадоа во првото полувреме, немаа сили за сензација.
Првиот гол за Барса го даде Рафиња, а традицијата вели дека кога Бразилецот постигнува гол, Барселона или победува или игра нерешено, никогаш не губи.
Ова е голот на 20-годишниот Лопес за 2-2:
https://twitter.com/i/status/1706778886225490432