Жил Кунде и неговата летна трансфер сага конечно ќе заврши со посакуван крај за францускиот интернационалец и тој ќе игра за Барселона.
Каталонците влегоа во жестока битка со Челзи за стоперот на Севилја и пресуди огромната желба на Кунде да игра за шпанскиот гигант.
Севилја и Челзи веќе имаа договор, но Кунде одби да го почитува и инсистираше да замине во Барса.
Каталонците го ценеа тоа и ја покачија понудата за 10 милиони евра, од 40 на 50 милиони евра, а и двојно ги зголемија бонусите во клаузулата, од пет на 10 милиони евра, па стоперот што има 11 настапи за Франција ќе биде нов играч на шпанскиот гигант.
Во Челзи не беа задоволни со расплетот и во бес објавија дека ги прекинуваат преговорите со Барселона за трансфер на Сесар Аспиликуета и на Маркос Алонсо.