Барселона веќе го договори трансферот на Карлос Солер од Валенсија и ќе го купи „мозокот“ во тимот на Лилјаците за сума од 20 милиони евра веќе ова лето.
Солер е еден од најдобрите играчи за врска во Ла Лига и шпански репрезентативец, а иако има договор со Валенсија до 2023 година ќе си замине едно лето порано.
Отштетната клаузула му е 80 милиони евра, но Барселона успеа да ја намали цената четирикратно и да се договори и со играчот и со раководството на Валенсија, Солер да дојде на „Камп Ноу“ за сума од 20 милиони евра.
Тоа ќе значи дека Каталонците ќе му дозволат на Френки Де Јонг да си замине, а за него ќе бараат отштета од околу 70 милиони евра.
Барселона го купи Холанѓанецот од Ајакс во 2019 година за сума од 75 милиони евра, од него очекуваа да стане еден од носителите на играта на повеќекратниот шпански првак, но тоа не се случи.
Де Јонг постигна само 8 гола за три сезони колку што настапува за Барселона и веројатно веќе ова лето ќе ја заврши авантурата во шпанскиот гигант.