Барса ќе го проба реновираниот „Камп ноу“ на 10 август против Комо

Барселона се подготвува за враќање на реновираниот стадион „Камп ноу“, а првиот натпревар каде што навивачите ќе можат делумно да ја тестираат реновираната арена се очекува да биде натпреварот од Купот „Жоан Гампер“.

На трибините ќе биде дозволено да влезат 25.000 гледачи, што е малку помалку од една четвртина на капацитетот што ќе биде кога ќе завршат градежните работи.

Противник на Барселона во натпреварот од Гампер купот најверојатно на 10 август треба да биде италијанскиот Комо, чиј тренер е поранешниот играч на Блауграната, Сеск Фабрегас.

- Оглас -

Најнови вести