Барса ќе ја гаси кризата со кредит – Каталонците се задолжија за 500 милиони евра

Барселона ќе го гаси опасниот пожар и финансиската криза со кредит во висина од 500 милиони евра, што им е одобрен од американската инвестициска банка „Голдман сач“.

Договорено е веднаш на сметката на шпанскиот гигант да легнат околу 100 милиони евра за да се покријат оперативните трошоци на клубот и да се поделат плати.

Барселона е во огромни долгови кои изнесуваат една милијарда и 173 милиони евра, па средствата од американскиот гигант ќе им бидат добредојдени.

„Кредитот е со поволни услови и најдобар што можевме да го најдеме на финансискиот пазар во услови на пандемија со ковид-19“, објавија од Барселона.

Шпанскиот гигант беше планиран како учесник во проектот наречен Суперлига, што ќе беше спас за Барселона, но проектот пропадна за два дена.

Барселона, заедно со Реал Мадрид и Јувентус, сè уште официјално не се откажа од Суперлигата, за разлика од преостанатите 9 клуба што објавија дека се повлекуваат од проектот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести