Барса ќе му зададе тежок удар на најголемиот ривал, ја краде ѕвездата на Ливерпул од Реал?

Десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, веќе подолг период се најавува како ново засилување на Реал Мадрид. На фудбалерот му истекува договорот со Ливерпул и нема најава дека тој ќе биде продолжен.

Сепак, во приказната сега се вклучи и Барселона, чиј спортски директор, Деко, сака да го „украде“ фудбалерот од најголемиот ривал. Раководството на „каталонците“ веќе стапило во контакт со менаџерскиот тим на Александер-Арнолд, а Деко сите сили работи на негов ангажман.

Опција за Барселона е единствено да го потпише како слободен фудбалер, без да плати обесштетување, со оглед на тешката финансиска криза во која се наоѓаат. Самиот фудбалер ќе мора многу скоро да одлучи дали ќе остане во Ливерпул или ќе направи трансфер во друга екипа.

- Оглас -

Најнови вести