Барселона конечно успеа да го продаде Фелипе Кутињо. Бразилецот којшто дојде во каталонскиот гигант за околу 180 милиони евра кариерата ќе ја продолжи во Астон вила, тимот каде што е во моментов на позајмица.
Премиерлигашот ќе плати 20 милиони евра за Кутињо, што е девет пати помалку од тоа што Барса му плати на Ливерпул, но новото раководство на тимот имаше само една цел.
А таа е да се ослободи од играчите коишто навистина земаат огромни плати, а немаат никаков придонес во тимот, кој токму поради тоа западна во финансиска криза.
За тимот од „Вила парк“, Бразилецот сезонава одигра 16 натпревари, а има и четири асистенции.