Барса крои пеколен план: Доаѓаат Димитриевски и ѕвезда на Јувентус, а од клубот „лета“ Кутињо

Секторот за трансфери во Барселона ќе биде исклучително активно во наредниот период.

Како што на големо се пишува денеска за доаѓањето на Столе Димитриевски во трансфер вреден шест милиони евра, сега се појави и информација дека каталонскиот клуб преговара со Матијас Де Лихт, односно со неговиот агент Мино Рајола.

Контроверзниот агент го понудил својот играч на Каталонците и тоа со огромен попуст бидејќи и финансиската ситуација во Јуве не е баш најдобра.

Де Лихт дојде во Јувентус од Ајакс за 75 милиони евра, а сега тиј би можел да замине за само 35 милиони.

Сепак, за сето ова да се оствари, Барса најпрвин треба да пронајде купувач за Фелипе Кутињо, кој има големи примања, со што значително би се ослободила клупската каса.

Како најсериозен кандидат за сега се пројавува Њукасл, кој веројатно нема да има ников проблем да ги исполни барањата на Бразилецот.

Останува да се види дали Барса ќе го реализира овој „пеколен“ план, или, пак, ќе се одлучат на друг чекор.

 

 

- Оглас -

Најнови вести