Барса мора да победи, а Бенфика нема да прими гол

1009 Евертон – Кристал палас (19.00 часот)

По двата порази по ред кои ги имаше пред паузата, Евертон има императив да победи и да се врати во борба за места кои водат во Лигата на шампионите. Двата тима имаат доста повредени важни играчи. Карамелите имаат само четири ремија во 28 меча сезонава, па и овојпат нема да се задоволат со бод. Палас е во безбедната зона, овој тим игра променливо и е незгоден за прогнозирање. Евертон дома не победил од 1 март, но на последните три меча против Палас победуваше со два гола разлика.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

1010 Вулверхемптон – Вест хем (21.00 часот)

Во последните четири кола Вулфс имаа по два порази и нерешени, а Вест хем во последните четири средби славеше само еднаш. Со победа вечерва, Чеканите ќе избијат пред Челзи на табелата и ќе бидат четврти, поголем мотив од тоа не им треба. Последните меча на Вулфс на нивен терен завршија со 0-2 гола. Вест хем губеше убедливо и не даваше гол на последните две гостувања на „Молињу“, можеби е време да се прекине црната мини-серија.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (3.00)

 

1309 Барселона – Валјадолид (21.00 часот)

Барселона е голем фаворит и сака со победа да избие пред Реал Мадрид на табелата во пресрет на Ел Класико в сабота. Меси е загрозен со жолти картони и ако пожолти против Валјадолид, нема да игра со Реал, истото важи и за Френки Де Јонг но најавите се дека ќе играат. Валјадолид се бори за опстанок и има серија од четири меча (победа и три ремија) без пораз. Во Ла Лига, Валјадолид не победил на гости од 2 јануари. Последен пат непоразени го напуштија „Камп ноу“ во 2003 година, од 2002 наваму не дале повеќе од еден гол против Каталонците.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.54)

 

2805 Митјиланд – Брондби (18.00 часот)

Иако има уште десет кола до крајот на сезоната, овој меч може да биде клучен во битката за титулата во Данска. Брондби им два бода предност и кога би победил против директниот конкурент и би се одлепил на плус пет, тешко дека ќе бидат достигнати. Ова се екипи кои не примаат многу голови, но и не се многу ефикасни. На 28 февруари, Митјиланд дома го победи Брондби со 1-0.

Предлог тип: & 1-3 (1.93)

 

1543 Бенфика – Маритимо (20.00 часот)

Маритимо, кој се бори за опстанок и има еднаков број бодови со последната Боависта, нема што да бара во Лисабон. Бенфика е далеку од борба за титулата, но оди по петтата победа по ред, сите четири беа без примен гол, за зацврстување на третото место, кое носи квалификации за ЛШ. Орлите се фаворити на хартија, а и традицијата ги фаворизира. Маритимо од 2009 наваму секогаш губи на „Луж“, во последните пет сезони има порази со три или повеќе гола разлика.

Предлог тип: 1 Сигурна (1.86)

- Оглас -

Најнови вести