Барса може да даде гол(ови) во Минхен, но веројатно и ќе прима

6001 Викторија П’лзењ – Интер (18.45 часот)

Чесите во првото коло беа разбиени од Барселона, но сега играат дома и сигурно нема однапред да се предадат. Интер загуби од Баерн, па ако сака да се бори за место во осминафиналето, вечерва мора да победи, во спротивно, ќе му претстои битка за продолжување во Лигата на Европа. Освен Лукаку, кај Интер нема други повредени. Ова е дуел на две екипи кои од последните десет средби што ги играа, само еднаш одиграа нерешено.

Предлог тип: 2пдг & 2 (1.54)

 

6002 Спортинг – Тотенхем (18.45 часот)

Ова е дерби во групата, со оглед на резултатите во првото коло, кога двата тима победија убедливо без примен гол. Лавовите од Лисабон имаат шест меча по ред на кои или тие или нивните противници не даваа гол. Од последните пет меча на Тотенхем, само еден беше со 3+ голови. Лондонските Петли сезонава немаат ниту еден пораз на официјалните мечеви, а благи фаворити се и вечерва.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.10)

 

6003 Баер Леверкузен – Атлетико М. (21.00 часот)

Леверкузен е во многу лоша форма сезонава, а и во ЛШ тргнаа со пораз од Бриж. Од друга страна, Атлетико игра прилично ефикасно и има три бода по првото коло во ЛШ откако го совлада Порто. Атлетико на гостински терен нема загубено уште од април. Двата тима имаат одредени кадровски проблеми, па би можеле да ги искористат слабостите кај противникот.

Предлог тип: Х полувреме (2.18)

 

6004 Баерн Минхен – Барселона (21.00 часот)

Левандовски се враќа во Минхен полн со оптимизам дека со Барса може да извојува победа против својот ексклуб, но Баварците ќе се потрудат да не се радува популарниот Леви. Баерн е „црна мачка“ за Барселона во последните сезони, им нанесе неколку болни порази и ќе сака таа серија да продолжи. Барселона е засилена, игра ефикасно, но ова им е прв посериозен тест. Баерн во Бундеслигата има три ремија по ред, но ЛШ и Барселона се нешто друго, мотивацијата ќе биде поголема.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.60)

 

6006 Ливерпул – Ајакс (21.00 часот)

Црвените и Копјаниците се повеќекратни европски прваци, па ова е второ големо дерби во ЛШ вечерва, а екипите во двобојот влегуваат со различно расположение. Ајакс во првото коло со 4-0 го прегази Ренџерс, а Ливерпул беше разбиен од Наполи со 1-4. Ливерпул е фаворит, а последните два меѓусебни дуели на овие тимови во 2020 година завршуваа со победа на англискиот гигант од по 1-0. Ајакс има три меча по ред на кои дава четири до пет гола, па овојпат може да биде и поефикасно.

Предлог тип: & 3+ (1.67)

- Оглас -

Најнови вести