Баерн Минхен вечерва стана првиот тим во историјата на Лигата на шампионите (од 1992 наваму) кој постигнал 9 голa на еден натпревар, а со тоа и Динамо Загреб е првиот со 9 примени голови.
Баварците ваква голеада немаа приредено никогаш, а многумина се потсетија на оние 8-2 со кои за време на корона-рвирусот ја растурија Барселона. Досега тие 8 голa беа најмногу за еден тим на еден меч во ЛШ, но Баерн реши да оди чекор понапред користејќи ја немоќта на тимот за кој Стефан Ристовски одигра цел меч.