Барса му честиташе титула на Реал, па влезе во финале на женската ЛШ

Барселона е прв финалист во женската Лига на шампиоини. Девојките од каталонскиот тим попладнево на гостувањето во Германија загубија од Волфсбург со 0-2, но на првиот меч Барса славеше со 5-1, и тоа беше повеќе од доволно за финале.

Противник на Барса ќе биде тим од Франција, ПСЖ или Лион, кои вечерва го играат реваншот.

Инаку, каталонскиот клуб беше меѓу првите кои преку социјалните мрежи му ја честиташе шампионската титула на Реал Мадрид. Ривалството е големо, но постои и џентлменски однос помеѓу двата шпански гиганти.

- Оглас -

Најнови вести