2.8 C
Skopje
вторник, 2 декември 2025

Барса не го дава врвот, ништо ново за Атлетико на „Камп Ноу“ (Видео)

Барселона го победи Атлетико Мадрид со 3-1 во дербито на шпанската Ла Лига, и сега Каталонците имаат четири бода предност пред второпласираниот Реал Мадрид кој утре има тешко гостување кај Атлетик Билбао.

Атлетико поведе со гол на Баена (овој играч во дресот на Вилјареал победи на последните две гостувања кај Барса), ова беше 17-ти меч по ред во Ла Лига на кој Јорганџиите први даваат гол, но не се одбранија од нападите на Барса која дава гол на секој лигашки меч во 2025 година.

Рафиња го постигна својот прв гол по враќањето и паузата поради повреда, а клучниот гол за победа беше дело на Дани Олмо кој е во топ форма, даде три гола и изнуди еден пенал на последните два меча, но за негова несреќа при голот се повреди и излезе од игра. Конечните 3-1 ги постави Феран Торес во последните секунди.

Атлетико има црна серија од дури 24 меча по ред без победа на „Камп Ноу“, последниот триумф над Барса на најголемиот стадион во Шпанија и Европа им беше во 2006 година кога со два гола на Фернандо Торес славеа со 3-1. Сега Атлетико веќе не е тим со најмалку примени голови во лигата.

Ова е голот на Олмо за пресврт и водство:

- Оглас -

Најнови вести